Јас сум загрижен, го губите времето. Интересите на државата се над личните. Во демократија мора да имате компромис. Ова се пораките на еврокомесарот Јоханес Хан во ексклузивно интервју за дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак, во Брисел.
На прашањето дали е загрижен за состојбата одговара:
– Да загрижен сум, бидејќи губат време и според договорот од 2 јуни сите партии, и албанските партии, се согласија и на 19 јуни дека земјата е им е важна а не личните интереси и треба да ја преземат одговорноста за земјата. Економската ситуација се влошува. Очекуваниот економски растеж од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 насто. Сите инвестициски одлуки на странските компании се на чекање. Мислам дека над 30 одлуки се ставени на чекање. Па тука е миграциското прашање кое кажува дека земјата многу треба да направи – вели еврокомесарот.
На 20-ти јули ќе има состанок на Советот за асоцијација во Брисел, на кој ќе учествуваат високиот претставник и јас, од една страна и Владата од друга и се надевам и барам од сите страни да постигнат договор до тогаш. Ќе се расправа за извештајот за напредокот на земјата, кој ќе биде објавен наесен. Тоа е важно за европската перспектива, но не треба да се заборави и атланската перспектива на земјата во овие тешки времиња и сите треба да бидат свесни за тоа, вели хан.
До какви последици можат да доведат внатрешните проблеми во Македонија во извештајот за напредокот, кој ќе биде објавен наесен?
Можам само да ви кажам дека на последниот состанок на Советот за надворешни работи беше разговарано за ситуацијата во Поранешната Југословенска Република Македонија и сите министри за надворешни работи изразија длабока загриженост. По тие дискусии и ставови јас не можам да замислам дека ќе има позитивни ставови доколку нешто не биде сторено.
Дали страхувате дека случувањата во Грција можат да ја влошат ситуацијата во регионот на Западен Балкан?
Првите сигнали покажуваат дека во скоро време веројатно нема да има ефекти во однос на финансиски и економски последици, но секако вкупната политичка ситуација останува или ќе стане уште пофрагилна. Од сегашна гледна точка, важно е да се консолидира домашната политичка ситуација во Поранешната Југословенска Република Македонија.