Хан го поздрави гласањето на Бундестагот за почеток на преговори со ЕУ во октомври

Од:

Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан вечерва го поздрави гласањето на Бундестагот за отпочнување преговори со ЕУ во октомври за Северна Македонија и за Албанија.

– Го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за почнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!, напиша еврокомесарот Хан на Твитер.

Пратениците во германскиот Бундестаг вечерва со големо мнозинство и одобрија на владата да се заложи за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија. За предлогот гласаа и власта и дел од опозицијата. „За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.

Би можело да ве интересира

Цвеќе и пораки со сочувство пред Амбасадата на Русија во Македонија

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он