Хајка не прави „А1он“, туку Лидија Димова, следува целосно истражување во детали за работењето на агенцијата

Од:

Редакцијата на „А1он“ најостро реагира на хајката која во последниве три дена ја спроведува директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, а по објавеното истражување кое фрла сенка за начинот на доделување на проекти преку „Еразмус+“ програмата.

Служејќи се со дискредитации за нашиот новинар и автор на текстот, Кристијан Ландов, и преку соопштенија и преку социјалните мрежи, Димова на крајно непристоен начин се обидува да го релативизира истражувањето во кое се опфатени сите засегнати страни и запазени се сите новинарски етички стандарди.

Наша обврска како новинари е да отвораме прашања кои се од јавен интерес, а во случајов постојат сериозни сомнежи за злоупотреби, за што редакцијата на „А1он“ ќе стапи со надлежните институции во Брисел.

Ги повикуваме новинарските здруженија да реагираат на односот на Димова кон новинарите и кон редакцијата на „А1он“, бидејќи сметаме дека не доликува на еден претставник на влијателна институција на овој начин да комуницира со јавноста. Нападот врз Кристијан Ландов со недолични коментари на социјалните мрежи од Лидија Димова е само одраз за нејзината култура и неможноста да комуницира со аргументи. „А1он“ застанува целосно во одбрана на Кристијан Ландов и ќе го поттикне да го истражи целото работење на агенцијата до детали.

Потенцираме дека уште пред објавувањето на сторијата, беа контактирани сите засегнати страни и обезбедени сите документи, вклучувајќи ја на прво место, Димова.

Во денешното соопштение, сепак, таа тврди дека Националната агенција не финансирала фризерница, туку претпријатието „Вредност на европско знаење“, со скратен назив В.Е.З. Трејд.

Проверките што редакцијата на „А1он“ ги направи, покажаа дека претпријатие со назив „Вредност на европско знаење“ во Централниот регистар не постои. Постои само претпријатие со назив В.Е.З. Трејд, а за тоа што претставува кратенката, не можеме да претпоставуваме, со оглед на тоа што долгиот назив на компанијата е Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“.

Компарациите, не се правени како што вели Димова, со секторот високо образование, туку со акции за исти грантови за училишно образование. Тоа може да се увиди и од објавените листи на добтници од другите држави.

Потенцираме дека нашите новинари се слободни да бидат брифирани и да разговараат со надворешните соработници, чиј идентитет е заштитен и имињата не се објавени. Тоа не е казниво според ниту еден закон, напротив, дел од новинарската работа е да се зборува со што повеќе лица, а со цел да се дојде до вистината.

Во однос на на ранг-листите, според освоени бодови на проектите, потенцираме дека „А1он“ уште во петокот ги побара истите, но тие не се јавно објавени и до овој момент се уште не ни се доставени, исто како што не е ниту листата на одобрени проекти кои се на чекање. Во оваа прилика ја повикуваме директорката Димова слободно да ги објави.

„А1он“ и понатаму ќе продолжи да ја обработува сторијата преку серијал текстови кои откриваат сериозни сомнежи за злоупотреби на европските пари, на професионален и објективен начин, како што тоа го правеше и досега.

Никакви закани, уцени, дискредитации и недолични изјави нема да не запрат да си ја вршиме својата работа како новинари, а со тоа и да ги охрабруваме надлежните институции да извршат детални проверки за она што е објавено.

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова

(ВИДЕО) Лидија Димова не дојде на првото судење со оправдување за влошено здравје, судијката реагира: Не ми се допаѓа ваквиот почеток!

Кристијан Ландов

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Кристијан Ландов