Хајделберг факултетот од Скопје (ХФС) започна караван низ средните училишта во Македонија, со цел идните академски граѓани да се запознаат со можностите што ги нуди оваа престижна високообразовна установа.
Вработените во Хајделберг ќе посетат вкупно 37 средни училишта во земјава, а караванот ќе заврши со „Отворен ден на ХФС“ на 8 април 2025 година, кога сите заинтересирани идни студенти ќе можат да го посетат факултетот, а со тоа да се уверат во квалитетот на иновативниот образовен модел кој нуди уникатни програми преку комбинација на учење, пракса, меѓународно признаени дипломи и корпоративна соработка. Воедно, германскиот факултет во Скопје е партнер со еден од најголемите универзитети за дуални студии во Хесен и Баден-Виртемберг, Универзитетот од Франкфурт – Провадис.
Комбинираниот модел што го нуди Хајделберг овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во Македонија и во Германија, потврдувајќи ја определбата на Хајделберг факултетот за обезбедување врвно образование според меѓународни стандарди.
Сите поединости за програмата на Хајделберг идните студенти ќе можат да ги чујат на караванот, кој веќе започна со посета на средни училишта во Тетово и во Гостивар, а ќе продолжи во училишта во Дебар, Струга, Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Штип, Кочани, Куманово. Во втората половина на март караванот на Хајделберг се насочува кон Скопје, кога ќе бидат посетени 15 средни државни и приватни училишта.
Ова претставува одлична можност средношколците да се запознаат со иновативниот дуален пристап во високото образование што го нуди Хајделберг – комбинација на студии во Северна Македонија и во Германија, со можност за пракса и за градење идна кариера во државата со една од најразвиените економии во Европската Унија.