Гужви пред банките во Тетово, поради издавањето на државните платежни картички

Од:

Големи гужви и собирање на луѓето се евидентни денес пред банките, поштите и другите институциите на државно и локално ниво поради издавањето на државните платежни картички за помош на населението во ситуацијата со Ковид-19. Градоначалничката Теута Арифи смета дека установите пред кои се собираат граѓаните треба да зголемат број на службеници за да оди полесно издавањето на картичките што претставува периодична состојба.

-Забележана зголемена посетеност на граѓаните на банките, што е поврзано со издавањето на домашни платежни картички. Со цел да се избегнат непожелни сценарија на евентуална инфекција како резултат на масовно собирање на луѓе, апелираме до комерцијалните банки да го зголемат бројот на службеници на шалтерите и на влезовите на банките, вели Арифи, по денешната средба со претставниците на други институции од Кризниот штаб.

На новинарско прашање зошто според договор од април нема повеќе полицајци и војници, таа вели дека договореното е на сила но сепaк смета дека тоа се времени собирања.

–Треба да се има во предви дека полицијата и војската имаат полни раце работа на терен. Сега кога нема забрана за движење има другите пробелми па полицијата е потребна на терен, истакна Арифи.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово