Гувернерката на Народна банка: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови од коронавирусот

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во вчерашното гостување на една од националните телевизии рече дека билансите на банкарскиот систем укажуваат на здрави основи.

„Во 2008 година, кога глобалната економија се соочи со криза, адекватноста на капиталот на нашите банки беше пониска отколку сега – тогаш изнесуваше околу 16%, а сега е 17% што претставува простор за справување со евентуални шокови. Ликвидноста, исто така, сега е повисока отколку во преткризниот период во 2008 година, а многу е важно што и профитабилноста на банкарскиот систем е на солидно ниво, бидејќи ако има потреба за докапитализација заради поддршка на кредитната активност, банките имаат интерен потенцијал да ја обезбедат“, истакна гувернерката.

Ангеловска-Бежоска посочи и дека, квалитетот на активата на банкарскиот систем е многу подобар отколку во периодот пред последната глобална економска криза, што јасно се согледува преку пониското учество на нефункционалните во вкупните кредити бидејќи движењето изнесува околу 4,8% со што на регионално ниво, во споредба со другите економии, е и едно од најниските учества на нефункционалните во вкупните кредити.

Сето ова, како што кажа гувернерката, претставува илустративен показател дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво, додаде гувернерката. 

Би можело да ве интересира

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика

Средби со ММФ: Успешен пристап на Народната банка во совладувањето на инфлацијата и одржување на стабилноста

А1он