ГШ на Армијата ги осуди обидите за нејзино инволвирање во дневно политички цели

Од:

Генералштабот на Армијата најостро ги осудува сите обиди за нејзино инволвирање во дневно политички цели и интереси. Армијата е институција која континуирано е со највисок рејтинг во општеството и препознаена од сите граѓани во нашата држава.

Ова се вели во денешната реакција од ГШ на Армија по, како што стои, зачестеното објавување написи во некои електронски медиуми и изјави во кои се посочува Армијата во обид на нејзино инволвирање и ставање во контекст на дневно политички цели не става во ситуација каде чувствуваме потреба да реагираме на ваквите активности.

– Генералштабот ќе продолжи фокусирано да ги спроведува предвидените реформски процеси во Армијата согласно високите НАТО стандарди, воедно грижејќи се за зачувување на безбедноста на граѓаните, суверенитетот и државниот интегритет на нашата држава, стои во реакцијата од Генералштабот на Армијата.

Почитувањето на Уставот, законите и институциите во општеството, се подвлекува, се основата на демократските вредности преку кои е изразена волјата на граѓаните, при што Армијата е гарант на тие вредности.

– Генералштабот, кој раководи и командува со Армијата нема да дозволи било какво инволвирање за дневно политички цели и интереси на поединци во институциите и политички субјекти во општеството. Армијата и раководството е свесно и очекува наскоро граѓаните да го изберат новиот Претседател и нивен Врховен командант, а од сите политички субјекти да добие вистинска поддршка и достоинствен третман за подобрување на условите за живот и работа на нејзините припадници во функција на исполнување на дефинираните критериуми и стандарди како 30 членка на НАТО алијансата, се вели во денешната реакција од Генералштабот на Армијата.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он