Грувески на средба со Лопатка: Најбрз начин за излез од кризата се предвремени парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Виена, Австрија оствари средба со шефот на парламентарната група на владеачката партија и поранешен секретар во министерство за надворешни работи на Австрија, Рајхолд Лопатка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„На средбата Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување.

Груевски посочи дека најбрз и најефикасен начин за излез од кризата е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори каде што народот ќе одлучи за иднината на државата.

На средбата Груевски истакна дека промовирањето на документи и платформи креирани во соседни држави за кој народот не одлучил на избори и кои потоа се нудат за основа за понатамошна владина работа претставува изборна измама со која ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните не се согласуваат.

На средбата Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во парламентот ги користат сите деловнички законски можности за искажување на своите позиции и ставови низ законска парламентарна дебата. Она што таму се случува не претставува исклучок од она што се случувало во минатото, но и од она што се случува и случувало во други демократски земји во Европа и светот, додаде Груевски.

Груевски истакна дека ќе продолжи да се залага и работи за економски напредок на државата, и остварување на стратешките интереси врзани со интеграција во ЕУ и НАТО“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски