Со благослов на неговото високо правосвештенство митрополитот Повардарски Господин Агатангел, денесла на брегот на Тиквешкото Езеро се реализираше традиционалното групно крштевање.
– Оние кои денеска беа дел од групната крштевка ја примија верата Христова и станаа членови на светата Христова црква, за да можат понатаму да учествуваат во сите останати свети тајни, бидејќи светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да можеш да влезеш во членството на светата Христова црква и да ги примаш и останатите свети тајни како што се тајна “Причест”, светата тајна “Венчание”, сите други свети тајни, рече отец Трајче Грозданов.
Тој информира дека годинава пет лица се пријавиле за групно крштевање.