Група насилници со метални шипки и дрвени палки претепала познаник пред скопскиот Ургентен центар

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело насилство.

На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице.

По претходна физичка пресметка помеѓу членови на две семејства во Злокуќани, оштетениот со неговото семејство на Ургентниот центар чекале лекарска помош за неговиот син.

Во дворот на клиниките пристигнале и осомничените. Физички го нападнале оштетениот, удирајќи го по главата и телото со клоци и тупаници, но и со метални шипки, дрвени палки и други предмети. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – фрактури на носна коска и на ребра, а кај останатите присутни предизвикале чувство на загрозеност, несигурност и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина осомничени, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоци и оштетени, но и да го повторат делото.

Би можело да ве интересира

Група од 50 насилници претепаа маж во Белград, еден од нив му нанел повреди со мачета

Македонија нема механизам за заштита на жртвите од родово и семејно насилство

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци, на крај завршиле во станица

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

70-годишна скопјанка била нападната од поранешниот партнер