Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, денеска пред Комитетот за азил во Солун ќе ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, потврдија за МИА од адвокатскиот тим.
Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.
Грујевски и Бошковски барање за добивање политички азил во Грција доставија на 29 ноември минатата година.