Груевски: Жестоко ќе одговориме доколку СДСМ се обиде неделовнички да бира претседател на Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко и соодветно доколку СДСМ се обиде на неделовнички начин да назначи претседател на Собранието, а и народот нема да остане со скрстени раце, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Доколку СДСМ влезе во сценарио на неправно, незаконско, недемократско и неделовничко однесување во Парламентот треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе реагриа остро, а треба да очекува дека и народот во Македонија ќе има сериозна реакција, според она што можеме да го видиме деновиве. Тоа би било голема грешка на СДСМ во правец на нарушување на деомократијата и стабилноста во Република Македонија, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на новата спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Тој посочи дека народот е прилично сензибилизиран и свесен дека, како што рече, Заев има преземено обврски и оти добива фактура за нив.

– Народот знае дека на Заев му е испорачана фактура која сам ја договорил и дека киријата му е висока, но народот и државата не се должни да ја плаќаат неговата фактура и тој треба да го знае тоа, потенцира Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека народот е свесен, знае што се случува и гледа какви обврски презеле Заев и СДСМ и веќе 40-тина дена секојдневно реагира на улиците.

– Го предупредувам Заев да не си поигрува со демократијата во Македонија и со народот, бидејќи оваа држава не е негова, туку е на народот. Тој не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија и платформи од туѓи држави и тоа после избори, откако ги поминал изборите и ги исполажал луѓето дека нема ништо од прифаќање на двојазична држава, кантонизација,… Откако добро ги исполажа луѓето дека сето тоа било само во мојата глава и дека измислувам во време на кампања, Заев две недели после изборите излезе и почна да ги кажува работите кои ги договорил и за кој презел обврски, посочи Груевски и додаде да не очекува дека народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе седат со скрстени раце.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ