Проекти за зголемување на бројот на вработени во Демир Капија, подобри услови за учениците во основното образование, како и подобрување на инфраструктурата, најавија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Демир Капија Трајче Димитров.
– Во 2006 година овде имаше 430 вработени во цела општина, на крај на минатата година оваа бројка изнесуваше околу 1.100 вработени.Така ќе продолжиме и во иднина, истовремено ќе обезбедиме учениците од прво до петто одделение да имаат бесплатен и здрав оброк за учениците, со што ќе обезбедиме здрава исхрана за учениците но и заштеда за семејствата, рече Груевски.
Најави дека ќе се реконструираат улиците „Партизанска“, „Борис Кидрич“, „8.ми Март“, „Гоце Делчев“ и посочи дека истовремено се планира реконструкција на дел од патот Демир Капија до село Клисура.
Во селата Прждво и Дрен ветуваат изградба на канализациска мрежа, како и водовод и канализација за населеното место Дошница и регулација на река Бошава. Во делот на образовната инфраструктура планираме доградба на основното училиште Димче Ангелов Габерот, планираме исто така изградба на спортски центар во локалитетот Дошница,со отворено игралиште за фудбал,игралиште за баскет и за тенис, рече Груевски.
Кандидатот за градоначалник Димитриев нагласи дека приоритиет ќе му биде зголемување на економската моќ на населението со создавање услови за уште многу нови вработувања. Ќе продолжиме да создаваме работни места преку привлекување нови домашни и странски инвестиции со понуда на нови парцели во индустриските зони и урбанизација на нови индустриски зони, наведе Димитриев.