Груевски: Затекнавме руинирано здравство

Од:

Пред десетина години кога ја добивме одговорноста од граѓаните, постоеше децениска запоставеност во неколку клучни области и сфери. Една од најзапоставените беше токму здравството, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција на која најави нов мега проект во областа на здравството.

Потсети на децениски стари објекти, во најголем број случаи немање најосновна опрема и апарати. – А и она што го имаше беа застарени апарати, добиени како донација, апарати вон употреба и долги листи на чекање, корупција вклучувајќи и корупција за најелементарни работи од типот да дојдеш на ред за некој апарат, недостиг на лекови, континуирано запоставување на кадровски план, рече Груевски.
Според него постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, апаратура и висока технологија, нешто што како процес, како што рече, го отпочнавме пред неколку години и се одвива паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето современи просторни услови.

Нагласи дека опремата која ја набавиле ги следи најсовремените стандарди. Со тоа, појасни, драстично се влијае на подигнување на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести.

– Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести. Во овие две и пол години набавивме 11 нови дигитални мамографи од најнова генерација и најсовремена технологија, со што значително ја унапредивме оваа дијагностика и ја доближивме до женската популација, со цел рано откривање и навремено третирање на карциномот на дојка. Во тек е и набавка на уште 3 дигитални мамографи, од кои бенефит ќе имаат жителите на едни од најголемите градови во државата, меѓу кои се Битола и Куманово, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник