Груевски: Закон за бранители не е противуставен, и не е против некој етникум

Од:

Предложениот закон за бранители не е противуставен, не е против некој етникум, туку е мала компензација на оние кои ги ризикуваа животите во одбрана на Република Македонија и мало внимание кон семејствата на загинатите бранители. Барањето со него да се опфатат и оние кои им ги одземаа животите на бранителите е некоректно, изјави премиерот Никола Груевски во својот говор на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ не е партија која ќе дозволи некој да ја исплаши или да ја уцени со рушење од власт или со предвремени избори кога е во прашање успехот и достоинството на македонските граѓани. Не ја наведнувам главата пред неправдата, колку да е тоа во моментот контрапродуктивно за мене. Разбирам дека животот на политичарите е поврзан со компромисите и затоа сум правел и ќе правам многу компромиси кога верувам дека се за општо добро. Но, се рабира се има своја граница и своја мерка. Сум плаќал и ќе плаќам цена за тие компромиси. Нo, не сум подготвен да го вложам достоинството на цел еден народ, како цена за некој да го понижува, а јас да молчам. Особено не сум подготвен да го правам тоа кога нема да реши некој проблем – изјави Груевски.

Затоа, изјави Груевски повикувам на поголема политичка но и државничка зрелост. Ако оваа држава е на сите, подвлече Груевски, тогаш сите треба да се грижиме за целата држава, а не само за одделни нејзини делови.

Би можело да ве интересира

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он