Груевски: Заев да одговори дали татко му зел или не пари од институција која е под Општина Струмица

Од:

Премиерот Никола Груевски го повика градоначалникот на Струмица и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев да одговори дали дал тендери на неговиот татко и чичко.

– На вчерашната прес-конференција беше кажано дека општината и институциите што се под општината давале тендери на таткото и чичкото на градоначалникот, господинот Зоран Заев. Потоа гледав некакви одговори од СДСМ коишто кажуваат колку тој инвестирал и колку тој работел. Мислам дека одговорот треба да биде давал тој тендери на татко му и на чичко му или не давал. Да не бегаме со одговори дали работел или инвестирал или дали бил успешен или неуспешен. Прашањето е дали давал или не давал тендери на татко му или на чичко му, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешното отпочнување со градба на нов објект на КПД „Идризово“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ