Груевски: Заев бараше избори, а сега бега од нив

Од:

Според договорот од Пржино беше предвидено одржување предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година. Тоа го потпишаа сите и го потпиша СДСМ. И оттука не ми е јасно она што го слушам деновиве како тие викаат дека еднострано сме донеле одлука ВМРО-ДПМНЕ и нашите политички партнери, за одење на предвремени избори. Како може да е еднострано кога пред само 7-8 месеци сите големи политички партии, вклучувајќи го и СДСМ, потпишавме договор со којшто го одредивме датумот на избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Сител“.

– Потоа сите големи четири политички партии и цел Парламент изгласаа Закон во којшто закон влезе датумот. Во Законот за избори влезе датумот кога ќе се организираат изборите, а тоа е 24 април. И навистина ми е нејасно како тој човек мисли дека народот има така кратко памтење да поверува дека ние еднострано сме преземале некакви чекори и сме ги донеле во некаква непријатна ситуација, вели Груевски за барањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев за одложување на изборите.

Според него, двете институции што се задолжени за организација на изборитее ДИК и МВР се во рацете на опозицијата. – Министерот за внатрешни работи е генерален секретар на СДСМ, а во ДИК имаме само два од вкупно девет претставника и онаму каде што ние како ВМРО имаме несогласување гледаме дека сме надгласувани. Ние не се согласувавме генеракн секретар на ДИК да биде активист на СДСМ кој кампуваше пред Владата кога беа протестите на СДСМ. Сега наместо да се стави на тоа место некој независен, непристрасен, експерт, ставија човек што им кампувал пред Владата. Не надгласаа за тоа и се виде дека таму имаат контрола над ДИК. Двете институции кои спроведуваат избори се во нивни раце. Така што, не може да стане збор дека не може да се прочистат списоците или дека нема доволно време итн. Време има сосема доволно доколку се сака да се работи ефикасно и повеќе од доволно. Значи, има време и резерва, доколку ефикасно работи ДИК, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме