Груевски: За странците Македонија е непланирано вонбрачно дете

Од:

На два дена пред доѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повторно се појави на интервју, овој пат за телевизијата Канал 5. Никола Груевски повторно повика на поголема масовност на протестите.

„Во вакава ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ го нема мнозинството во парламентот сам да ја одбрани државата, народот ќе треба да ја одбрани државата. Државата може да ја нема ако народот остави овој човек, Зоран Заев, да го истера својот план“ рече Груевски .

Странците, рече Груевски, на Македонија гледаат како на непланирано вонбрачно дете.

Тој повтори дека народот мора да си ја одбрани државата и дека има национално свесни Македонци.

Груевски посочи дека поддршка има од народот на улица, а излез од кризата би биле нови избори заедно со локалните.

ВМРО-ДПМНЕ, рече, подготвува политички документ со кој ќе понуди начин за излез од кризата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош