А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: За Црвенковски и Георгиевски нема враќање назад

by А1он29/06/2012 - 15:3729/06/2012 - 15:41321
Share0

„Најавата за непринципиелна коалиција меѓу лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски е само обид да се вратат на власт, но граѓаните ќе им покажат дека нема враќање назад. Ќе ми биде драго во идниот период да бидам на чело на граѓаните коишто на едниот ќе му покажат дека нема враќање назад, а другиот ќе го испратат кај првиот“, рече премиерот Никола Груевски коментирајќи ја вчерашната средба на Црвенковски и Георгиевски.

Добивај вести на вибер

„Јас би рекол една слика илјада зборови. Погледнете ја сликата и не знам дали има нешто да се коментира. Јас утрово погледнав една слика на еден дневен весник каде што се сликале заедно, очигледно била специјална фото сесија во која што гледаме едно поразвеселно лице и еден тажен човек. Кај развеселениот има некоја надеж дека ова ќе го врати во политиката бидејќи е исфрлен пред повеќе години. Тажниот мислам дека на некој начин е свесен дека ова нема да му помогне да не ја заврши катастрофално својата кариера иако прави очајнички обид да го спречи тоа“, изјави Груевски.

Тој ја коментираше нивната изјава дека државата била во криза и затоа се обединиле

„Проблемот е нивната криза, кризата за власт, кризата за моќ, кризата за фотелји, кризата за она што граѓаните им го дадоа и го злоупотребија и граѓаните им го одземаа. Тоа е нивната криза. Мене ми е драго што сум на спротивната страна на овие двајца луѓе и на нивните вредности. Ќе ми биде драго во идниот период да бидам на чело на граѓаните коишто на едниот ќе му покажат дека нема враќање назад, а другиот ќе го испратат кај првиот“, рече премиерот Никола Груевски.

partiisdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он14/02/2026 - 14:0814/02/2026 - 14:09

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он14/02/2026 - 10:2214/02/2026 - 10:56

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он14/02/2026 - 09:45

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:43

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен