Груевски за АФП: По изборите на 5 јуни подготвени сме за нови избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за француската новинска агенција АФП најавува дека сака заслужена изборна победа, и дека партијата ќе биде подготвена за организирање на дополнителни избори, веднаш по изборите на 5 јуни.

Груевски вели дека не е изнајдена уставна можност да се откажат изборите на 5 јуни и покрај бојкотот на СДСМ, ДУИ и ДПА.

– Се наоѓаме во многу непријатна ситуација при што само една од четирите големи партии учествува на изборите. Мојата партија ќе биде подготвена веднаш по формирањето на новото Собрание да се организираат дополнителни избори и да им се даде шанса на граѓаните да изберат. Сакаме заслужена победа, изјавил Груевски за АФП.

Груевски, во интервјуто, вели дека генерално претставниците на меѓународната заедница не поддржуваат одржување на избори на 5 јуни, но се уште никој не предложил начин за одложување на изборите кој ќе биде во согласност со македонскиот Устав. АФП потсетува дека изборите требаше да се одржат при крајот на април, но веќе беа одложени поради забелешките на опозицијата.

Агенцијата АФП пишува дека во Македонија продолжуваат протестите на по неколку илјади демонстранти кои се собираат секоја вечер во рамките на „Шарената Револуција“, при што фрлаат балони со боја по неокласичните згради во центарот на Скопје, во знак на протест по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 50-ина лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски