Груевски во официјална посета на Хрватска

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска престојува во официјална посета на Република Хрватска.

Како што јави известувачот на МИА, премиерот Груевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по што ќе следи пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Попладнево, предвидени се средби на македонскиот премиер со претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ и со претседателот на хрватскиот Парламент Јосип Леко.

За време на посетата ќе биде потпишан договор за евроатлантско партнерство помеѓу Република Македонија и Република Хрватска. Од македонска страна договорот ќе го потпише министерот за надворешни работи Никола Попоски, а од страна на домаќините Весна Лусиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи.

Според програмата, вечерва премиерот Груевски ќе се сретне и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот