Груевски во Малта имал средба со Тобијас Зек

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија, за, како што наведуваат, изборната измама што поразениот СДСМ ја направил со прифаќањето на тиранската платформа по изборите, со револтот кај граѓаните заради оваа мега изборна измама, обидот за ставање на мнозинството Македонци во опозиција наспроти мнозинството Албанци во власта, намерите за редефинирање на државата наспроти волјата на народот, со нарушувањето на правилото за коалицирање победник со победник кое беше воспоставено по барање на ДУИ и на меѓународната заедница и барањето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за брзи предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори, со што би се дала можност на гласачите да се изјаснат за платформата која криминалецот Заев ја прифати за да се спаси од одговорност за сторените кривични дела и барање мито на компаниите.

Груевски, се наведува во партиското соопштение, потенцирал дека сите досега преземеми чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа, како што се истакнува во соопштението, изборна измама низ улиците на над 30 градови во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека покрај овие теми во разговорот се дискутирало и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцирал дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец.

Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он