Груевски во Брисел на Самит на ЕПП и средби со Туск, Могерини и Мекалистер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со партиска делегација, во која се и поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски и пратеникот Владимир Ѓорчев, од денеска ќе присуствува во нова тридневна работна посета на Брисел, каде се предвидени средби со високи челници на Европската унија и присуство на Самитот на најголемата политичка партија во Европа.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Груевски попладнево во Европскиот парламент треба да оствари билатерална средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а вечерва ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Освен со оваа европска двојка, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе оствари средба и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Сепак, централен настан од дводневната посета на поранешниот премиер на Република Македонија на Брисел е утрешниот Самит на Европската народна партија (ЕПП), најбројната пратеничка група во Европарламентот, чија придружна членка е и ВМРО-ДПМНЕ.

На овој Самит на ЕПП, кој ќе се одржи во Кралската академија на Белгија, покрај Никола Груевски, ќе присуствуваат и Туск, челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани. Исто така, најавено е и присуство на Ангела Меркел (канцеларка на Германија), како и на премиерите Маријано Рахој (Шпанија), Никос Анастасијадис (Кипар), Клаус Јоханис (Романија), Бојко Борисов (Бугарија), Виктор Орбан (Унгарија), Андреј Пленковиќ (Хрватска) и Лео Варадкар (Ирска).

Присуството на настанот со челниците на Европската унија, како и неговите билатерални средби со првите луѓе на ЕУ, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да го искористат за унапредување на соработката што неговата партија ја има со нив, како и за забрзување на македонските евро-атлантски интеграции, со оглед на тоа што агендата за итно членство на Македонија во Унијата и НАТО е врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и на неговото раководство.

Во петок, поранешниот македонски премиер има закажано средби со пратеници во Европскиот Парламент, меѓу кои ќе се сретне и со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања