А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: ВМРО прерасна во препознатлив код на македонскит народ

by А1он23/10/2012 - 16:51168
Share0

На Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба во Македонската опера и балет Груевски кажа дека 23-ти октомври е еден од најсветлите датуми на македонската историја, ден на создавањето на Македонската револуционерна организација која во колективната меморија на македонскиот народ е запишана како ВМРО – Внатрешна македонска револуционерна организација чиј прв претседател бил Христо Татарчев.

Добивај вести на вибер

„ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскиот народ. Нејзиниот од по тешките балкански крстосници е нераскинлив дел од нашата судбина“, рече Груевски.

На овој ден, истакна тој, досега сме кажувале многу работи, сме говореле за минатото и за иднината, за предизвиците, за поразите, за проблемите и победите. Сме говореле за нашите херои од минатото кои ги водеа визиите и идеите, храброста и одлучноста, посветеноста и определбата за една кауза која се вика македонска држава.

„Тие луѓе ги дале своите животи за тоа за што верувале. Имале цел и идеја водилка. Не се плашеле да застанат на патот на што било или кого било, верувајќи во исправноста на тоа што го прават, за доброто на нашиот народ. Нивниот пример треба да биде наш, нивната волја страст, енергија, верба, треба да остане општ кодекс на однесување кога е во прашање нашата држава и интереси“, изјави Груевски.

На свечената академија присуствуваат претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов, претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, претставници на Владата, на судската власт, на јавниот живот и граѓанскиот сектор.

praznicivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 12:37

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто