Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со значајна разлика

Од:

Истражувањата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември со значајна разлика, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на денешната средба со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје.

– Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Македонските граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Тоа беше потврдено на сите избори изминатите десет години. Сега ни претстојат избори на 11 декември а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика, рече Груевски.

Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши, и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.

– Кризата треба да е привремена не смее да трае премногу долго. Долгите кризи се лоши за секоја држава и за секое општество, а во секоја демократија народот е тој кој што треба да се остави да одлучи кому ќе му ја даде довербата и поддршката. Одлуката на народот треба да се почитува. Треба да најдеме излез од нашата криза, а решението за оваа политичка криза се претстојните избори на 11 декември, рече Груевски.

Заменик координаторот на групата пратеници од ЕПП во ПС на ОБСЕ Маргарета Цедерфелд која е претставник на Шведска, изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ како нивна сестринска партија ќе победи на претстојните избори во Македонија.

– На 11 декември вие ќе имате избори и уверена сум дека следејќи ги последните истражувања до кои дојдов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Ја изразуваме нашата силна поддршка и пријателство, нагласи Цедерфелд.

Таа додаде дека пред земјата претстојат и низа други предизвици како што се економските реформи, кои треба да доведат до членство во ЕУ и НАТО. Особено ја истакна и улогата на земјата во справувањето со бегалската и мигрантската криза подвлекувајќи дека Македонија е клучната земја која придонесе да се затвори балканската рута.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски