Груевски: ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства

Од:

Од почетокот на 2015 ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се нападнати со специјални средства, а СДСМ ја има улогата да одигра вешт напаѓач. Добро е што мнозинството од народот брзо ја сфати играта и не дозволи да потпадне на нападот. ВМРО-ДПМНЕ направи проценка на ситуацијата и изгради своја стратегија за одбрана на ситуацијата, но некој ја одобрува, но некој ја критикува таа стратегија.

Таа стратегија не подразбира дека проблемот ќе се надмине без пречки, оставки, корекции. Целите се на прво место-државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот по цена да се жртвуват партиските и личните интереси.

Според Груевски, втората цел е надминување на ситуацијата и предвремени избори.

-Мнозинството граѓани се свесни дека фантомските гласачи и немање слобода на медиумите се изговор да се одложат изборите. Како нема слобода на медиуми кога мислиш дека опозицијата ќе почна да излегува од фрижиедер, рече Груевски.

Прочитана е стратегијата со СЈО, нивнто непрофесионално делување но и активно партиско делување во поддршка на СДСМ, а загрозување на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина од надвор потпаѓаат на приказната дека ова е кампања против СЈО. Раководството на СДСМ повторно се фокусира како да направи нечесна игра во правец на изборите, како да направат штета, насилие, закочување, клеветење, некаков хос, некакви гадости. Сега е клучно како да се отиде на избори, а СДСМ да не направи нова штета на државата, рече Груевски.

Според него, колку повеќе се осложуваат изборите, толку ќе биде поголема штетата за СДСМ, рече тој во говорот по повод 25 годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно говореше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски кој кажа дека УМС е моторот на промените.

-Ние не сме салонска организација, ние сме на терен 24/7 за доброто на татковината, кажа Неловски.

Интересот за интернет преносот од овој настан беше слаб, односно се движеше од 130 до 180 гледачи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела