Груевски: ВМРО-ДПМНЕ го донесе законот за употреба на јазиците

Од:

Колку што знам, токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се донесе Закон за употребата на јазиците, а не во време на СДСМ, а за уставните амандмани во овој правец заеднички гласавме во 2002 година, вели Никола Груевски во вториот дел од таканареченото мегаинтервју во Република.

Овој став на Груевски доаѓа откако заврши изборната кампања во која жестоко се спротивставуваше на употребата на албанскиот јазик и откако составувањето на владата зависи од партиите во албанскиот блок.

-И со ништо не сме го спречиле нивното спроведување. Значи, тие што ги тепаа и затвораа поради поставено знаме, поради отворен универзитет, не се националисти, а тие што ги ослободија политичките затвореници со специјален Закон за амнестија, кои донесоа Закон за употреба на знамињата, кои отвораат без проблеми универзитети на кои може да се учи на албански јазик, и уште се борат тие да се поквалитетни, и тие што донесоа Закон за употреба на јазиците, кој со ништо не го спречија во неговото спроведување, тие се националисти. Види мајката. А, да не е, можеби, така затоа што секојдневно медиумите финансирани од Сорос им го говорат тоа на Албанците?

Груевски за време на капањата ја обвинуваше опозицијата дека сака на мала врата да воведе двојазичност во градинките и училиштата и кантнизација на државата.

-Се сеќавате на неговата изјава дека е грдото лице на Македонецот ако не прифател двојазичност и вакви негови визинерски ставови..само заради ова Заев заслужува огромен пораз на овие избори, рече Груевски на митингот во Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски