Груевски: Владата презема мерки за унапредување на евроинтеграциите

Од:

Имаме сериозни успеси и континуиран напредок во реформите. Владата прави огромни напори да ги приближи работите на секое поле, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортски полигон во општина Ѓорче Петров за забелешките на лидерот на ДУИ Али Ахмети за Извешајот од Европската комисија, Груевски даде свој коментар.

– Не би ја коментирал изјавата на Али Ахмети, ќе го коментирам тоа што во минатото сум го правел. Ние правиме огромни напори да ги приближиме работите на секое поле и имаме сериозни успеси во тоа. Се разбира секогаш имаме слабости, ние никогаш не сме кажале дека е идеална ситуацијата во која било сфера, но имаме континуиран напредок. Освен што имаме континуиран напредок, постои простор за уште повеќе. Ќе продолжиме да работиме со сите сили за напредок во сите области, вклучувајќи ги и овие што беа спомнати, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина