А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Ветувањето е исполнето, зголемени се пензиите и социјалната помош

by А1он06/03/2013 - 15:43179
Share0

Ветувањето за зголемување на пензиите и социјалната помош го исполнивме. Веќе од утре новите пензии што ќе почнат да се делат се зголемени, онака како што ветивме. А, во минатите неколку дена почна исплатата на социјалната помош зголемена за пет проценти, онака како што ветивме. Тоа е држење до дадениот збор, истакна денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

На денешното претставување на кандидатите за градоначалници и на носителите на советничките листи за Градот Скопје и скопските општини потсети дека ова ветување било дадено пред стопанските комори во септември минатата година. Пред  стопанствениците беше ветено и дека до крајот на февруари Владата целосно ќе го елиминира доцнењето за поврат на ДДВ и на средствата од извршени услуги на компаниите, што на 28 минатиот месец, како што рече, беше целосно реализирано.

– На истото тоа обраќање дадов јавно ветување дека од март ќе има зголемување на пензиите и на социјалната помош, рече Груевски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува, делува и има дела.

Единствената дилема кај зголемувањето на пензиите, како што рече, била дали нивната исплата да биде линеарна или според точно утврден процент.

– По консултација со пензионерските друштва се одлучивме на линеарна по 550 денари поголема пензија за секој пензионер во Македонија, што претставува месечно околу 2,5 милиони евра повеќе средства за пензионерите или годишно безмалку 30 милиони евра повеќе за пензионерите секоја година. Тоа е ветено и остварено. И по тоа се разликуваме од нашите политички конкуренти, рече Груевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има  вредности и принципи до кои држи и од кои не отстапува.

Имаме чест и одговорност, додаде, утре да не се засрамиме и да можеме граѓаните да ги погледнеме во очи.

– За разлика од нас, нашите противници како да се натпреваруваат меѓу себе кој нема да успее во некое ветување и така во нивната хиерархија да се искачи погоре. За разлика од нив ние сме групација која што држи до дадениот збор, додаде лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

premiervmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто