Груевски кај Иванов во тајна посета

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски според информации на А1он вечерва бил виден како влегува во претседателскиот кабинет на Ѓорге Иванов. Со него бил и Кирил Божиновски.

Посетата на Груевски вечерва доаѓа токму во моментот кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги доби потписите од ДУИ, а според најавите ќе добие потписи и од БЕСА и Алијансата на Албанците по што Иванов ќе мора да му го даде мандатот. Иако претходно Ѓорге Иванов бараше исполнување на два услови за добивање на мандатот, по многуте критики дека тој не може да поставува услови надвор од неговите надлежности, од кабинетот се повлекоа дека не се работи за услови туку за препораки.

Иако нема официјална информација, се очекува Иванов да не го прекрши Уставот и мандатот да му го предаде на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој веќе е избран за мандатар од страна на неговата партија.

Иванов кој стигна на претседателската функција преку гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше предупреден од еврокомесарот Јоханес Хан дека мандатот мора да му го даде на Зоран Заев кој обезбеди мнозинство во парламентот. Груевски не ја прифаќа новата реалност и се повикува на волјата на народот, иако поради разлика од само сто гласа тој доби два мандати повеќе.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно