Груевски убедува дека Владата повеќе мисли за иднината на децата, отколку нивните родители

Од:

Премиерот Груевски, денеска во Собрание, убедуваше дека Владата размислува подологорчно отколку што родителите размислуваат за своите деца, а по повод предлогот на опозицијата да се укине екстерното тестирање во основното и средното образование.

– Родителите различно реагираа на овој проблем, некои не беа среќни што децата поминуваат низ таков степен на образование, а сепак имаше група на родители и се уште има кои одат на линија на помал отпор и би сакале нивното дете да е среќно на краток рок, рече Груевски.

Според премиерот, Владата се соочила со пад на стандардите, бидејќи проблемот со нереалните оценки датирал од времето на транзицијата

– Проблемот со давањето на високи и нереални оценки од страна на наставниците, не на сите, но на еден значаен дел, датира од времето на транзицијата, време во кое се загубија многу морални вредности и критериуми и паднаа стандардите.

Падот доведе да, од преку ноќ станати моќници, наставниците да потпаднат под притисоци и да пишуваат високи оценки, со цел да удоволат на тие што го бараат тоа и на некој начин да го оттргнат тоа од себе.

Подоцна и самите наставници со грижа на совест дека тоа го прават кон одредени, го сменија критериумот и дојдовме ситуација да цели класови имаат петки и сите до еден да знаат дека оценките не се реални, туку се сменети стандардите. Тоа секако не е добро ниту за нашата држава, ниту за децата и нивната иднина од повеќе аспекти, рече Груевски на денешната собраниската седница за пратенички прашања.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?