Груевски: Талески мислел само за себе си

Од:

Советниците на опозицијата во Битола денеска одржаа прес-конференции на пет локации пред станбени згради каде што тврдат дека актуелниот градоначалник има по еден стан. Тие покажаа и пет имотни листови на име на Талески и неговата сопруга за кои велат дека се извадени од Агенцијата за катастар и недвижности.

– Додека битолчани мака мачат од први до први, Талески осум години, мака мачел како да купи уште некој стан, а деновиве го гледаме како од петни жили се бори за трет мандат. Сега сите знаеме зошто. Овде, на улица 13-ти јули, Талески поседувал уште еден непријавен стан. После ова е јасно која била скриената намера на Талески, цело ова време. Не била Битола, не биле битолчани, не бил спортот, ниту културата, ниту вработувања, бил само личниот интерес – вели Валентин Груевски, кандидат за советник во битолската локална самоуправа.

Опозицијата вчера за според нив лажно пријавен имот, од страна на битолскиот градоначалник ја извести и Антикорупциската комија.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски