СДСМ: Груевски стоел зад измислиците во Дневник, но правдата и промените не може да ги спречи!

Од:

Никола Груевски денеска призна дека стои зад измислиците во текстот на весникот Дневник, пренесен и од други медиуми блиски до него, реагираат од СДСМ.

Како и вообичаено, Груевски немаше храброст тоа да им го соопшти на граѓаните туку му наложил на сопартиецот Владимир Нелоски да ги демантира неговите нарачани измислени текстови, полни со реторика на конфликт со меѓународната заедница, како и безобразни лаги за што СДСМ веќе најави тужби за клевета.

СДСМ веќе соопшти дека претседателот на СДСМ Зоран Заев не се сретнал со господинот Филипо Кандела, заменик амбасадор во Италијанската амбасада. Тоа е измислена вест.

Како што одговори на новинарско прашање и претседателот Заев, остварена е средба со италијанскиот конзуларен коресподент и со никој друг од Италијанската амбасада.

Очајни се обидите на Груевски да инволвира медиуми и негови сопартијци во валканите измислици со кои мисли дека може да го одвлече вниманието од неговиот катастрофален пораз на изборите.

Граѓаните во огромно мнозинство кажаа дека им е доста од политичари како Груевски кои и нанесуваат штета на Република Македонија со нападите врз претставници на меѓународната заедница во земјава, врз граѓанскиот сектор и демократската јавност.

Обидите на Никола Груевски да ја скара Македонија со светот за да ја изолира и на тој начин да се спаси од одговорност, нема да успеат. Тој е веќе минато.

Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе ги продолжи започнатите демократски промени. Секој кој нанел зло на граѓаните и на државата ќе одговара, соопштија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“