Поранешниот премиер и доскорешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска се појави на судењето за предметот „Траекторија“, откако истото беше одложено и закажано за 31 јануари.
Груевски доцнеше 15 минути, иако според информациите, тој бил уредно известен.
Инаку, судијката Верка Петковска која е член на советот, со новиот распоред нема да биде судијка во овој предмет.
Во отсуство на Груевски, кој пристигна подоцна, судијата им посака среќни празници на останатите обвинети, адвокатите и обвинителите.
Експремиерот Никола Груевски заедно со ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во случајот „Траекторија“ се обвинети за провизиите за изградба на кинеските патишта.
Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 презеле повеќе дејства, со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според обвинението, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.
В. Маглешов