Груевски: Со Заев се немаме видено и чуено, фокусиран сум на формирање на новата Влада

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на својот Фејсбук профил напиша дека со лидерот на СДСМ Зоран Заев се немаат ниту видено, ниту чуено и оти во овој период е фокусиран кон формирање на новата Влада со цел реализација на изборната програма.

– Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика. Заев е во очај. Тој можеби очекува дека тие кои го најмија ќе му помогнат сега, но мнозинството од граѓаните веќе гласаа и одлучија и нема да дозволат некој да им ја украде победата. Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден, пишува Груевски.

Тој додава дека Заев очигледно прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија.

– Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, наведува Груевски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он