Груевски со поддршка од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги прифати вчерашните заклучоци на Извршниот комитет и му даде целосна поддршка на претседателот и мандатар Никола Груевски за претстојните разговори за формирање на идната влада на Република Македонија, соопшти партијата.

На денешната седница со која раководел Груевски, членовите на Централниот комитет дискутирале за актуелната состојба во земјава и резултатите од предвремените избори.

– Освоените 455.000 гласови од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, во услови кога опозицијата делуваше заедно со невладините организации под контрола на Сорос и во повеќе наврати коруптивно купуваше гласови, покажуваат дека мнозинството граѓани се уште ја поддржува политиката која нуди развој и просперитет. Ваквата поддршка значи обврска за почитување на волјата на народот кој ја порази на деструкцијата и кризите кои изминати години ги промовираше СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на партијата смета дека подобрувањето на стандардите на живеење на граѓаните мора да бидат приоритет во наредниот период, а за да се оствари таа цел неопходна е политичка стабилност преку формирање влада што ќе биде целосно посветена на реформите и проектите од програмата РЕАЛНО.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски