А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: „Скопје 2014“ одличен проект со значајна суштина поврзана со нашиот идентитет и историја

by А1он02/05/2015 - 16:40181
Share0

Скопје 2014-та е одличен проект, со значајна суштина, поврзана со нашиот толку многу негиран идентитет и историја, со разубавување на главниот град, со негово правење поатрактивен за туристите, со активирање на градежниот сектор во време на најголемата светска криза, со обезбедување сопствени простории на државните институции, наместо плаќање кирија  итн., но можеби беше наша грешка што сакавме да направиме се што се пропуштило во 50 години.

Добивај вести на вибер

Ова  го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово. Посочи дека има и различни коментари околу естетиката и вкусот, но, појасни, секаде во сите големи градови било исто кога се правеле вакви крупни проекти и зафати во центрите на главните градови.

– Некои биле против и жестоко протестирале други биле за, и од естетски агол и од секој друг агол. Овој проект за среќа има многу повеќе поддржувачи отколку противници, како во Скопје, така и на ниво на Македонија. Но, сепак се чини предолго се развлече и надгради, а имајки го предвид дека на некои луѓе им пречи. Сега е во завршна фаза, рече Груевски.

Во делот на спомен обележјата, посочи, ни преостана уште изградбата на спомен обележјето на светски познатата хуманистка скопјанката Мајка Тереза, чие проектирање е при крај и наскоро ќе почне градбата и тоа е последниот споменик, кој е предвиден во овој проект за кој ќе инвестираме буџетски средства.

– Запознат сум од медиумите дека едно здружение, подготвува со сопствени средства и споменик на прогонетите Македонци од граѓанската војна во Грција. Завршно со ова, мислам дека за овој период е направено повеќе од доволно во поглед на спомен обележјата. Тие споменици и настаните и ликовите на тие споменици, ќе го држат рбетот на македонската нациија низ иднината, како што преку нивното делување низ историјата ја држеле кичмата исправена на македонската нација токму тие ликови кога биле живи и делувале, и станале херои и големи личности со кои најголем дел од нас се идентификуваат, истакна Груевски.

Во таков контекст, но поширок од самиот овој проект, рече Груевски, имаше и многу забелешки дека имаме преголем фокус на историјата.

– Мое мислење е дека ни требаше еден таков период заради потиснувањата и искривувањата претходно, и сега тој дел е надокнаден. Потребен е и поголем фокус на здравјето на луѓето и на животната средина, додаде Груевски.

dpmneskopje 2014

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 10:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен