Груевски: Што побрзо да се формира новата влада

Од:

Треба што побрзо да се формира новата влада, да продолжиме со силното темпо на работа и да се вратиме на патеките на економијата и на сите реформи, вклучувајќи ги и поврзаните со членството во ЕУ и НАТО.

Тоа го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред партиските поддржувачи на синоќешниот собир откако Државната изборна комисија (ДИК) објави дека на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, а СДСМ 49.

Груевски посочи дека иако со невообичаено доцнење ДИК доцна синоќа ги објавила конечните резултати со коишто, потенцира, се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ однесоа десетта победа и десетта поддршка од мнозинството граѓани во Македонија.

Во меѓувреме, укажа, имаме и честитки од високи претставници од Европската комисија коишто честитаа на победата на ВМРО-ДПМНЕ и на македонските граѓани коишто побараа од опозицијата да биде активна понатаму, а од нас да формираме наскоро влада.

– Ние секако ќе пристапиме кон преговори за коалиција, преговори за формирање влада и конечно треба да создадеме услови кризата во Република Македонија да заврши, народот тоа го очекува, тоа го бара од нас. Преку глава му е од кризата и од сите оние што ја направија оваа криза, рече Груевски.

Конечно, додаде, треба да се вратиме на патеките на економијата, отворање нови работни места во Македонија, зголемување на платите, на пензиите, на  субвенциите, правење на проекти со коишто ќе се решаваат проблемите на сите граѓани на Република Македонија.

Фокус, според него, ќе биде и отворањето нови работни места и продолжувањето на поддршката за сите категории граѓани, но и да се намали политичкиот јаз помеѓу граѓаните.

– Нашиот политички опонент во СДСМ во желбата да не победи внесе многу гнев, омраза, многу голем јаз се создаде помеѓу македонскиот народ и помеѓу граѓаните на Македонија, а понекогаш и во некои моменти и помеѓу различните етнички заедници. Тоа треба да престане. И јас лично и новата влада и ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме на намалување на тој јаз и на едно обединување со кое што сите граѓаните на Македонија заедно со новата влада ќе ја градиме Македонија како земја со многу повеќе работни места, повисок стандард и земја која ќе се движи кон НАТО и кон Европската унија, рече Груевски.

Се заблагодари на поддршката за победата на изборите, кои ги оцени како мирни, фер, демократски и конкурентни.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања