Груевски: Секој може да напише програма, но дали таа е издржана и реална и остварлива

Од:

Имаме како и секогаш нова понуда, не бараме да не изберат на стара слава затоа што сме го правеле во минатото. Тоа треба само да го имаат во предвид сите граѓани кога размислуваат кој држи до дадениот збор, кој повеќе работи, кој повеќе создава, кој има програма која ја реализира бидејќи секој може да ја напише, но дали таа е издржана и реална и остварлива.

Ова денес по средбата со струмичани го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 Никола Груевски.

Предвидуваме нов затворен базен со ватерполо димензии за Струмица и струмичани, за младите луѓе. Во Струмица планира да изградиме и пречистителна станица за 54.000 жители за што ќе се инвестираат 7 милиони евра. Ќе се реконструираат и неколку патиштата, ќе се изгради и фекална канализација за Дабиле, Добрејци, Просениково. Ќе се набават 125 нови медицински апарати за болницата и здравствениот дом. Градбата на започнатата општа болница како што тече со добра динамика ќе продолжи да се гради и да се заврши, а ќе изградат и 41 стан за лица кои се од социјално ранливи категории, посочи Груевски.
Тој истакна дека нови 600 милиони евра се планирани за македонскиот земјоделец во наредните четири години.

-Во делот на земјоделение се планира да се прошири и обнови постоечката каналска мрежа на хидросистемот Турија со што ќе се опфатат повеќе општини, освен Струмица, Василено, Босилово, Ново Село. Ќе се изгради и магистралниот гасовод. Струмица ќе добие гас по цевковод, а не оној скап гас што се носи со цистерни, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски нагласи дека одат на победа, а Македонија ќе успее да остане суверена и унитарна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски