Груевски се сретна со Волак и изрази загриженост од нарушувањата на изборниот процес

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Никола Попоски остварија средба со претседателот на американскиот национален демократски институт (НДИ), Кен Волак.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, за изборниот процес како и за стратешките приоритети на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакнал дека партијата е отворена за соработка во сите сфери и заеднички полиња кои се од интерес на Република Македонија и афирмирање на нејзините стратешки интереси.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ била изразена загриженост од сериозните нарушувања на изборниот процес, како што се физички пресметки, повреди на кандидати за градоначалници, монтирани кривични пријави, демолирање на партиски штабови, заплашувања и постојани притисоци. На ваквиот начин се покажувала нервоза и страв од изборен пораз, а институциите треба да се посветат кон расчистување на инцидентите и власта да обезбеди минимум услови за нормално одвивање на изборниот процес, било истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата било посочено дека стратешки приоритети претставуваат членството во НАТО алијансата како и напредок во европските интеграции. Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО уште во 2008-та година и секоја поддршка во реализација на оваа цел е добредојдена, било посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?