Груевски се сретна со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, составена од Стефан Шенах и Роберт Валтер.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, позитивно биле оценети досегашните заложби за исполнување на критериумите за членство во Европската унија, како и соработката која се остварува со Парламентарното собрание на Советот на Европа во насока на реализација на зацртаните цели.

Соговорниците се осврнале на повеќе актуелни теми и прашања кои се во насока на подобрување на стандардите, градење доверба и унапредување на интегративните процеси. Било разговарано за формите и можноста за искористување на механизмите кои ќе придонесат за поинтензивна соработка во остварување на стратешките цели на државата.

Премиерот Груевски посочил дека Владата на Република Македонија останува посветена на реализирање на програмата и проектите кои се од интерес за граѓаните. Тој истакнал дека главен приоритет е подобрување на животниот стандард, економското зајакнување и придвижување на интегративните процеси, за што е потребен и се очекува ангажман од сите чинители кои може да го помогнат тој процес.

Македонскиот премиер се осврнал и на дијалогот со опозицијата при што искажал отвореност за разговори за сите разумни и делотворни прашања кои ќе овозможат напредок на државата и се исклучиво во интерес на граѓаните. Груевски истакнал дека успехот на тој процес зависи од сите страни, како и од подготвеноста отворено да се разговара за предизвиците.

Членовите нa Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа ја истакнале поддршката на интегративните процеси на државата и членството на Република Македонија во ЕУ. Тие упатиле честитки до премиерот Груевски и Владата за изборниот успех и формирањето на новиот владин состав. Претставниците на делегацијата изразиле подготвеност активно да придонесат во процесот на исполнување на критериумите, како и благодарност за отвореноста на Владата за соработка на тој план.

Би можело да ве интересира

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?