Груевски се сретна со чешкиот претседател Земан

Од:

Премиерот Никола Груевски, во рамки на официјалната посета во Прага, денеска имаше средба со претседателот на Чешка, Милош Земан.

На средбата, Груевски и Земан, јави известуваачот на МИА, ги потврдија одличните политички односи кои постојат помеѓу двете земји, на билатерално и на мултилатерално ниво и кои бележат континуиран позитивен тренд, кој, според нив, се гледа и од средбите што се одржуваат на највисоко ниво помеѓу претставици на двете земји.

Премиерот Груевски ги истакна реформите што ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, исполнување на европските стандарди и подобрување на условите и можностите за граѓаните.

Двајцата соговорници ја истакнаа поддршката на унапредувањето на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

Премиерот Груевски притоа ги истакна поволностите што нашата земја ги нуди на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис во Република Македонија.

На средбата со чешкиот претседател ги акцентраше и европските и евроатланските интеграции, што останува стратешка определба на Македонија.

Земан ја реафирмираше поддршката што Чешката Република и ја дава на Република Македонија во процесот на евро и евроатлантска интеграции.

Тој даде позитивна оценка за економските мерки што ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на економијата и за привлекување странски инвестиии.

Груевски и Земан разменија мислења и за повеќе други теми од заеднички интерес, како и теми од поширок регионален карактер. Притоа, претседателот Земан позитивно ја оцени улогата на македонските мировници во мисиите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски