Груевски: СДСМ свесно ја одложуваше поддршката на методологијата за избирачкиот список

Од:

СДСМ свесно го одолговлекуваше давањето на поддршката на методологијата за прочистување на списоците со цел да го намали перидот во којшто ќе се врши проверката  и прочистувањето на избирачките списоците, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со одлуката на СДСМ да ја потпише методологијата на ДИК за прочистување на избирачкиот список.

– Сега одеднаш даде поддршка на методологијата. Зошто ја одоговлекуваше работата. Зошто не ја даваше таа поддршка претходно? Кому кај нив му требаа денови и недели повеќе за да се добие на време за да се доближи времето во кое што ќе се надеваат дека ќе имаат повеќе аргументи да кажат дека нема доволно време за спроведување, рече Груевски, осговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок „Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој“ што се одржа во Порта Македонија.

Тој го повтори ставот дека има доволно време да се завршат сите подготвителни работи за одржување на изборите на 24 април.

– Време има доволно. Во вообичаени процедури  и законски рокови ДИК дознава дека ќе има избори во оној миг кога ќе се распушти парламентот. И тоа секогаш било на денот кога се распушта. Овојпат парламетнот се распушти некаде на средината на јануари со дејство на тоа распуштање до 24 февруари. Значи имаат огромна предност помеѓу средината на јануари и 24 февруари за дополнителни подготовки и проверки. Така што време има доволно, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска; Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ