Груевски: СДСМ не сака да ги види автопатите, фабриките, проектите кои се очигледни

Од:

Во петокот е потпишан договор со ЕБОР за изградба на четири нови значајни регионални патни правци помеѓу Штип и Кочани, Прилеп и Градско, Охрид и Пештани и Струга и Требениште. Ивестицијата е 16 милиони евра. Првите два почнуваат кон средина на наредната година, другите два крајот на наредната година, а дотогаш се подготовките на проектите. Тоа се дела и проекти и тоа не можеш да не го гледаш, рече Груевски на обраќањето на 15. Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека СДСМ не сакаат да го видат тоа, нагласи Груевски, додавајќи дека со трите автопати кои се градат во исто време, во кои се инвестира една милијарда евра, за 50 проценти се зголемува автопатската мрежа во Македонија.
Тој притоа ги спомена и обновата на пругата на Коридорот 10, реновирањето на постојните железнички станици, обновата на товарниот и патничкиот возен парк, што е во тек.

– За пругата кон Бугарија знам дека не сакаат да ја видат, ги потсетува на времето кога фрлија лопата и ветија дека ќе ја градат, но ниту ја изградија, ниту лопатата знаат каде им е, ниту парите кои ги дадоа знаеме каде завршија. Градоначалникот од Центар, чиј најголем проект му е ставање бекатон плочки на 50 метарска улица и покомплексниот проект за давање отворен ден за граѓаните, повеќе со политика отколку со проекти да ја посети Националната арена Филип Втори, за која тврдеше дека ќе падне, нема паднато досега, рече Груевски.
СДСМ колку и да сакаат, додаде, не можат да ги избришат фабриките кои се изградија, се градат и ќе се градат, не можат да ја дефокусираат јавната политичка дебата, осврнувајќи се на пример на проектот Скопје 2014 и изградените водоводи, субвенциите, патиштата, медицинската опрема, повисоките плати и пензии.

– Не разбираат дека се ова заедно во пакет го носи успехот и победата на ВМРО – ДПМНЕ, истакна Груевски, додавајќи дека во СДСМ имаат реализирано еден значаен проект, како што рече, шарање по врати на пратенички со фломастер.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО