Груевски: СДСМ не го либерализираше телекомуникацискиот пазар иако инструментите беа кај нив

Од:

ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција постојано апелираше да се направи либерализација на телекомуникацискиот пазар, но тоа не се правеше од страна на СДСМ, изјави премиерот Никола Груевски во врска со случајот „Маџар телеком“.

Коментирајќи ги најновите случувања во врска со овој случај, Груевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во првите 60 дена по победата на изборите во 2006 година објавиле јавен повик за трет мобилен оператор по што и цените во мобилната телефонија драстично се намалиле.

– ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција постојано јавно апелираше за либерализација на телекомуникацискиот сектор, но тоа не се правеше од страна на СДСМ, иако во нив беа сите инструменти и мнозинството во Парламентот. Она што ние го направивме уште пред изборите е тоа дека во нашата програма за изборите во 2006 година дадовме јавно ветување дека доколку победиме ќе објавиме јавен повик за трет мобилен оператор. Во првите 60 дена беше објавен јавен повик за трет мобилен оператор и веднаш потоа цените паднаа за 70 проценти. Мислам дека тука се е јасно, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новата лабораторија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки