Груевски: СДСМ ги лаже граѓаните дека на Македонија и следи грчко сценарио

Од:

Македонија е ниско задолжена земја, која води разумни фискални и монетарни политики, со разумен буџетски дефицит и е далеку од грчкото сценарио, а тврдењето на СДСМ дека сака да ја спаси државата е класична манипулација, оцени премиерот Никола Груевски одговорајќи на новинарски прашања по средбата со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“.

– Не постои ниту теоретска основа за грчко сценарио. Не само што сме далеку од тоа, туку е смешно тоа да се слушне. Не знам како не им е непријатно да го манипулираат народот, кога ММФ и Светската банка, најодговорните финансиски институции во светот, кажуваат дека Македонија води разумни фискални и монетарни политики и разумен буџетски дефицит, а секојдневно ја следат нашата работа и кажуваат дека е далеку од такво нешто. Нивната цел е да се спречи големо задолжување, изјави премиерот Груевски.

Тој истакна дека СДСМ манипулира и ги лаже граѓаните дека тие се борат за да го спречат грчкото сценарио во Република Македонија. Тоа, според него, е една од алатките со кои се обидуваат барем нивните членови да ги задојат со некаква доза на верба како да прават нешто корисно за државата.
Премиерот потенцира дека Македонија влегува во групата земји со пониско задолжување од околу 30 проценти од БДП, во однос на периодот кога ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт и кога задолжувањето беше 39 проценти. – Тоа значи дека се направени чекори во позитивна насока и задолжувањето е помало, истакна премиерот и додаде дека задолженоста ќе остане на максимално ниско ниво, односно на 31 проценти доколку се реализира она што го предлага Владата. Според него, буџетскиот дефицит за следната година од околу 3 проценти се смета за прилично разумен за ова време.

– Кога би поминал овој буџет и средствата од Светската банка, ние и понатаму ќе останеме четвртата или петтата земја со најмал долг во Европа и би имале повторно 30 или 31 отсто од БДП задолженост, особено кога ќе се дознае дека најголем дел од таа гаранција се однесува на враќање на претходно земен кредит, но сега со многу помала од 3,9 наместо 8,75 проценти. Се гледа дека водиме многу разумни, домаќински политики во однос на државниот буџет, рече претседателот на Владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски