Груевски: Реализацијата на проектот за новиот Клинички согласно планираното

Од:

Работите за изградба на новиот Клинички центар во Скопје одат добро и согласно планот. Премиерот Никола Груевски информира дека завршен е идејниот проект, се работи на главниот проект кој се очекува да биде завршен до крајот на годината, а за десетина дена ќе се објави тендер за уривање на старата зграда на Клиниката за гинекологија, каде треба да се изгради новиот Клинички центар.

– За десетина дена ќе се распише јавна набавка за уривање на старата Гинекологија на чие место ќе се гради новиот клинички центар. Очекуваме за околу месец и нешто да почне уривањето, кое ќе трае 3 до 4 месеци, некаде до средината на јануари. Ќе се работи полека, бавно и внимателно, бидејќи е објект во комплекс на болници и клиники и рушењето не смее да биде нагло и брзо  за да не предизвика штетни последици, но согласно стандардите.  Согласно планот, по завршување на проектот и рушењето на старата зграда, ќе започне градбата на новата, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Тој додаде дека оваа инвестиција од 70 милиони евра ќе биде огромно напредување во делот на условите како за лекарите, така и за пациентите, но истовремено ќе значи и раздвижување на економијата и градежниот сектор.

– Седумдесет милиони евра, сепак не е износ кој нема да се почувствува, истакна премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството