Груевски: Продолжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Продолжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ, напиша денеска експремиерот, Никола Груевски на својот „Фејбук“ профил. Реакцијата на Груевски доаѓа по вчерашните приведувања на Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски.

„Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.

Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.

Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.

Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.

Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.

За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.

Малку им е тоа.

Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.

Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици. Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота“, стои во дел од статусот на Никола Груевски.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он