Груевски: Препораката од ЕК потврда дека сме подготвени за преговори со ЕУ

Од:

Шестата последователна препорака од ЕК  е потврда дека РМ е подготвена да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ. Продлжуваме на патот кон евроинтеграциите со вложување максимални напори за реализација на оваа стратешка цел, која бара надминување на теснопартиските и лични интереси, изјави вечерва премиерот Никола Груевски.

– И покрај сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме на повеќе планови сепак Комисијата одлучи дека Македонија заслужува нова препорака со што потврдува дека нашата земја има достигнато ниво на реформи, односно е подготвена да отпочне пристапни преговори за полноправно членство со ЕУ.  Дури и покрај извесноста од тоа што не чека во Советот во декември, односно повторно неприфаќање на препораката од страна на Советот како и изминатите пет пати досега, Комисијата остана доследна на својата политика и ние тоа го цениме, исткана премеирот Груевски.

Според него, шестата по ред препорака меѓудругото е показател за постоење на континуитет во исполнувањето на критериумите и постојаното подобрување на процесите, како и доказ за неспорната волја за надминување на предизвиците и исполнување на нашата стратешка цел – влез во ЕУ.

– Овој Извештај е најдобар доказ за тоа дека  ние и покрај препораката која ја имаме поради билатералниот спор со Грција и покрај сите можни предизвици кои  ни се поставија на нашиот пат во изминатиот период сепак не скршнавме и не се откажуваме од ЕУ агендата, посочи шефот на Владата.

Тој подвлече дека овогодинашниот извештај констатира задоволително исполнување на политичките критериуми, големо подобрување за економијата, како и прогрес во правосудството и јавната администрација, области на кои, како што исткана, бевме насочени изминатиот перод. Додаде дека хармонизацијата со ЕУ легислативата е исто така на високо ниво.

Области на кои ќе се фокусира Владата идниот период, рече, се продолжување на работата во однос на предизвиците во областа на политичкиот дијалог, медиумите,  меѓуетничките едноси и самостојното функцонирање на институците.

Тој истакна дека и унаредувањето на добрососедските односи останува искрена и суштинска заложба на Македонија.

– Како Влада имаме јасно изразена волја и сме подготвени да разговараме за надминување на спорот со јужниот сосед кој Република Македонија ја попречува во нејзината евроинтеграција. Тоа е прашање за кое имаме континуиран став дека за решение е потребна подеднаква ангажираност и на двете страни, но  потребен  е поинтензивен и делотворен ангажман и на самата ЕУ. Се согласуваме со констатацијата дека сме во еден генерален статус кво од кој мора со заеднички напори што поскоро да излеземе, рече Груевски.

Подвлече дека реформскиот процес мора да продолжи и да добие своја нова перспектива, а како што нагласи, Европскиот совет не смее да ги игнорира препораките на Комисијата, затоа што, вели,  на тој начин, за жал, неисклучувајќи ничија одговорност се генерираат предизвици за целото општество кои подоцна само се искористуваат за воведување нови теми за оние кои не сакаат Македонија да ја видат интегрирана.

Владата, додаде,  ќе остане посветена и ќе продолжи да работи на области каде е потребен дополнителен напредок, подвлекувајќи дека е потребна ангажираност,  посветеност, но и одговорност на сите субјекти во општеството, нагласувајќи ја потребата од надминување на, како што истакнува, теснопартиските интереси.

– Ние согледавме и сериозно ќе се посветиме на областите кои треба да бидат подобрени. Постојат и полиња и прашања за кој што е потребен ангажман и несмалена вклученост и на останатите субјекти. Нивната поддршка на процесите и јакнење на демократските капацитети е подеднакво значајна и секој треба да ја сфати сопствената одговорност во овој процес и наспроти исполнување на теснопартиските и лични интереси за што некои веќе отишле за жал предалеку. Треба да се гледа што е интерес на државата и граѓаните и да се постапува согласно тој интерес, порача меѓудрогото премиерот Груевски.

Извештајот на ЕК за напредокот на РМ  денеска Орав го презентира и пред шефот на државата Ѓорге Иванов и пред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина