Груевски: Правиме сè што е во наша моќ да помогнеме секаде

Од:

„Правиме сè што е во наша моќ, во овие тешки времиња на европска должничка криза да помогнеме секаде каде што можеме. Спроведуваме реформи во повеќе области. Ќе продолжиме со нашата поддршка, иако ова е тешко време, за да им се помогне на граѓаните“, ова го кажа  премиерот Никола Груевски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата д жителите на Драчево.

Тој пред   драчевчани го претстави  планот за  компјутерско поврзување на сите институции, што ќе овозможи граѓаните кои бараат некоја дозвола или решение од некое министерство да не мора претходно да одат во неколку министерства за да соберат документи туку да отидат до тоа министерство што им е потребно.

Премиерот објасни дека  законите така се направени за практично раководителот на институцијата, на секторот или административецот да нема начин да се извлече, без разлика кој и да е и колку и да е моќен.

Груевски вети посветеност на полето на реформите во судството и во наредниот период затоа што, рече тоа е еден од најважните сегменти на нашето општество, на нашата држава, но и важно за напредување на нашата држава во европските и евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он